Се подготвува земјотрес во Англија: Салах го напушта Ливерпул, но останува во Премиер лигата?

Салах нема да може да и помогне на својата репрезентација/. EPA-EFE/Peter Powell

Веќе изнесен период во англиските медиуми една од главните теми е судбината на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Според нив, Салах изгледа како едвај да го чека крајот на сезоната за да може да си замине од Ливерпул.  Шансите за такво нешто се зголемуваат со тоа што Ливерпул е многу блиску да остане без пласман во Лигата на шампионите наредната сезона, нешто што не му се допаѓа на Салах но и на дел од другите фудбалери кои може да побараат да си заминат.

Сепак, се чини дека Салах е решен да си оди од „Енфилд“ без разлика на остварениот резултат и иако се чинеше дека е поблиску до Реал Мадрид или ПСЖ, германските медиуми лансираа бомбастична вест. Новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк, објави дека Мохамед Салах се наоѓа на листата на желби на менаџерот на Челси, Томас Тухел.

Тухел буквално го препороди Челси, влегоа во финалето во ЛШ, во финалето на ФА Купот и се вратија во трката за четвртото место на табелата во Премиер лигата.
Наводно Тухел побарал од сопственикот на „сините“ Роман Абрамович, да направи се што може за да го ангажира Салах.

Доколку се реализира овој трансфер, тоа ќе значи враќање на Салах во тимот каде имаше лошо искуство. Имено, во 2014 година, Салах за сума од 16 милиони евра се пресели во Челси, но не успеа да се наметне и по две години беше продаден на Рома која потоа за 42 милиони евра го продаде на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот