Се подготвува спектакуларна размена, во центарот на вниманинето е Халанд

Ерлинг Халанд/EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Иако неговиот агент изјави дека Челси не е меѓу посакуваните дестинации на Ерлинг Халанд, „сините“ од Лондон не се откажуваат од идејата да дојдат до услугите на фантастичниот напаѓач.
Челси се чини дека има адут во ракавот за да дојде до Халанд и е подготвен да го жртвува Тимо Вернер.
Како што пишува Фудбал инсајдер, менаџерот на Челси, Томас Тухел по секоја цена го сака Халанд и наводно дал зелено светло во евентуалниот трансфер да биде вклучен и Вернер плус одредена сума на пари.
Засега сумата која Челси планира да ја понуди не е позната, но се шпекулура дека таа би изнесувала приближно на цената која минатото лето „сините“ ја платија за да дојдат до Вернер, околу 60 милиони евра.
Оваа понуда изгледа добро и за Борусија Дортмунд која би добила екстра напагач, но прашање е дали Халанд сака да се пресели во Челси кога интерес за него пројавуваат Реал Мадрид и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот