Се подготвува спектакуларен трансфер на Луис Хамилтон

twitter.com/F1

Шефот на Ферари, Матија Биното го подготвува теренот за спектакуларен трансфер на најдобриот возач на денешницата, Луис Хамилтон. Актуелниот договор на Хамилтон со Мерцедес истекува во 2021 година и Ферари се надева дека ќе успее да го обезбеди потписот со Англичанецот кој би го зазел местото на Себастијан Фетел.

– Луис е неверојатен, фантастичен возач и податокот дека во 2021 година ќе стане слободен не прави среќни. Рано е да се донесе некоја одлука, задоволни сме со возачите кои ги имаме, но во еден момент во идната сезона ќе размислиме за потезите кои мора да ги направиме – изјави Биното.

Луис Хамилтон сезонава ја освои шестата титула во Формула 1 шампионатот и дојде до само еден шампионски пехар од Михаел Шумахер. Хамилтон во јануари ќе наполни 35 години и токму 2021 година ќе биде последна можност за да потпише голем договор кој ќе му гарантира неколку десетици милиони евра годишна плата.

Медиумите во Англија шпекулираат дека неговото место во Мерцедес, ќе го заземе сегашниот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Видео на денот