Едни од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокумпо и Џејмс Харден, би можеле да играат заедно.
Џејмс Харден сака по секоја цена да си замине од Хјустон рокетс откако си заминаа тренерот Мајк Дантони и генералниот менаџер Дерил Мори и не се појави на почетокот од подготовките за новата сезона.
Наместо тоа, Харден беше забележан во стриптиз клуб во Атланта, а на медиумите им изјави дека сака негов следен тим да биде Филаделдија или Бруклин, но последните шпекулации од САД велат дека во трката се вклучи уште еден тим кој има најголеми шанси да дојде до неговите услуги.
ВИДЕО: „Ракетите“ ги започнаа подготовките, Харден ужива во стриптиз клуб
Харден го прошири тимот на екипи во кои сака да биде разменет и еден од нив е Милвоки бакс каде прва ѕвезда е двојнито МВП на сезоната, Јанис Адетокумпо.
Иако, Харден негодуваше бидејќи МВП признанието за минатата сезона замина во рацете на Адетокумпо, тој е свесен дека доколку игра заедно со Јанис во ист тим, тогаш ќе има најголеми шанси да дојде до титулата.
Милвоки по елиминацијата од Мајами во пле-офот му вети на својот најдобар играч дека ќе му донесе квалитетни играчи за наредната сезона да ја нападне титулата, а доколку успее да дојде до размена со Хјустон и да го донесе Харден, тогаш тимот од Висконсин ќе биде главен фаворит за титулата.
Покрај Милвоки, Филаделфија и Бруклин, на списокот на екипи во кои Харден сака да игра е уште и Мајами хит кој се чини дека не е заинересиран за оваа опција и поради тоа „елените“ се во пол позиција за ангажман на популарната „брада“.