Се подготвува масовна вакцинација во 6 градови

вакцинација вакцини вакцинирање јане сандански (14)
Скопје, 31 март 2021 / ФОТО: Драган Митрески - СП.

Освен во Скопје, во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и во Тетово ќе има објекти за масовна вакцинација, во пресрет на поголемата количина на вакцини кои ги очекува земјава до крајот на април. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе се разговара со градоначалниците на овие градови за да се одредат најповолните локации каде по примерот на спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одвива имунизацијата. Земјава нема да набавува вакцини од производителот Торлак во Србија, зашто има доволна нарачка, рече Филипче

 Досега се нарачани 800 илјади дози од Ковакс механизмот, по 200 илјади кинески и руски вакцини, 100 илјади вакцини помош од системот на солидарност на ЕУ и 500 илјади вакцини од Синовак што треба да дојдат во мај.

Во салата Борис Трајковски вчера продолжи вакцинацијата на граѓаните од 73 и 74 годишнавозраст со вакцини од производителите Спутник и Астра Зенека како и со кинеската вакцина донирана од Обединети Арапски Емирати во 2 илјади дози.

Филипче информираше дека и бројот на хоспитаизации и бројот на нови случаи на коронавирусот опаѓа, како што се очекуваше по воведувањето на полициксиот час и затворањето на угостителските објекти. Меѓутоа, во болниците уште владее претпазливост и има преми.
Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и ова е знак дека брано на епидемијата спласнува, рече министерот.

Дали ќе се олеснат рестриктивните мерки или ќе продолжат да траат, ќе се дискутира викендов и ќе се одлучува според тоа колкав е бројот на новозаразени и според болничките капацитети и епидемиолошката состојба.

Филипче најави дека до крајот на месецот се очекуваат 20 илјади дози од Фајзер да пристигнат во Македонија, како и 200 илјади дози од кинеските вакцини.

Ниту една вакцина не е фрлена. Се отвора помала количина на крајот на работниот ден и сите се аплицираат. Ниедна вакцина не завршила неискористена или фрлена. На пунктиовите има 800 термини и постои можност термините да се згуснат. Во салата Борис Трајковски се вакцинираат околу 2500 луѓе дневно, а и дополнително ширум државата. Очекувам пред летните месеци тие што сакаат да патуваат исто да се вакцинираат, па сметам дека вакцинацијата ќе тече со задоволително темпо, рече министерот.

Има голем број на критични категории на граѓани што треба да се вакцинираат, како лицата со попреченост, ретки болести, тие на дијализа, со хронични белодробни заболувања, меѓутоа нема да бидат групирани според овие критериуми, туку според возраста затоа што во секоја возрасна група ги има.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот