Се подготвува голема размена со која Донован Мичел може да заврши во Њујорк

Донован Мичел би можел од следната сезона да игра за екипа од Источната конференција/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Претставници на ЛА Лејкерс, Њујорк никс и Јута џез имале средба на која разговарале за потенцијална размена во која главна ѕвезда би требало да биде Донован Мичел.

Доколку екипите успеат да се договорат за размената, во Њујорк би пристигнал еден од најдобрите бекови во НБА лигата, Донован Мичел.

ЛА Лејкерс би ги добиле Патрик Беверли, Џордан Кларксон и Бојан Богдановиќ или Малик Бизли.
Јута џез пак ги го добила Расел Вестбрук и неколку избори од идните НБА избори од драфтот.


Доколку се реализира размената, Њујорк со Мичел во тимот веднаш би станал еден од фаворитите во Источната конференција, додека ЛА Лејкерс конечно би се ослободиле од Вестбрук кој не ги оправда очекувањата минатата сезона како и од неговата голема плата која изнесува нешто повеќе од 40 милиони долари.

Јута џез пак откако претходно го размени Руди Гобер во Минесота, тргна во подмладување на екипата бидејќи би добила десетина избори од првата рунда на драфтот во наредните 5-6 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот