Се почувствувал навреден на социјалните мрежи: Ердоган поднесе кривична пријава против холандски десничар

epa08750946 Turkish President Recep Tayyip Erdogan attends a signing ceremony with Ukraine's President after their meeting in Istanbul, Turkey, 16 October 2020. Turkey and Ukraine signed a military agreement including Turkey's armed drones' sales and technology transfer to Ukraine. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска поднесе кривична пријава до турските власти против истакнатиот холандски екстремно десничарски лидер Герт Вилдерс затоа што, како што рече, го навредувал на социјалните мрежи, пренесува турската државна агенција Анадолија.

Вилдерс во саботата објави карикатура на Ердоган, со опис „терорист”, а вчера сподели фотографија на брод со турско знаме што тоне со напис „Збогум Ердоган! Исфрлете ја Турција од НАТО”, напиша тој под фотографијата.

Адвокатите на Ердоган поднесоа кривична пријава до обвинителството во Анкара, тврдејќи дека турскиот суд има надлежност за случајот затоа што навредите биле насочени против турскиот претседател, пренесе Анадолија, повикувајќи се на документ поднесен од адвокатите.

Тие велат дека коментарите на Вилдерс не може да се сметаат за слобода на изразување и дека мета на Вилдерс се „честа, достоинството, карактерот и угледот на Ердоган”.

Кривична пријава против Вилдерс беше поднесена еден ден откако Ердоган ги повика Турците да ја бојкотираат француската стока поради сликите на пророкот Мухамед што се објавуваат во Франција, а кои некои муслимани ги сметаат за богохулство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот