Се „плашат“ домаќините на ЕП: Македонците едни од фаворитите во Виена!

Фото: macedoniahandball.com.mk

На 10 јануари официјално започнува Европското првенство за најдобрата ракометна репрезентација кога прв противник во групната фаза е селекцијата на Украина.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац кои што во неделата го освоија турнирот „Трофејот Карпати“, се наоѓаат во групата „Б“ каде што ривали ни се Украина, Чешка и еден од организаторите на ЕП, Австрија.

Дуелите од нашата група ќе се играат во Виена, први ривали ни се Украинците против кои ќе ги одмериме силите на 10. јануари, два дена подоцна против Чешка, а четири дена против Австрија.

Првопласираните две репрезентации одат во главната фаза, а едни од домаќините на ЕП, Австрија е свесна дека и покрај тоа што ќе игра пред своите навивачи, ги очекува три незгодни натпревари на патот кон остварување на првата цел.

– Македонија има добра репрезентација, предводена од Кирил Лазаров. Многу играчи од Вардар и Металург доаѓаат во нивниот состав. Имаат големо искуство во Лигата на шампионите. Моментно Вардар е актуелен бранител на титулата во ЛШ. Ова покажува дека Македонија е една од фаворитите во групата. Да се игра на домашен терен е предност, се надеваме на полни сали и дека публиката ќе биде нашиот осми играч. Се наоѓаме во тешка група и секој може да победи секого. Нашата цел е пласман во главната фаза – вели селекторот на Австрија, Алеш Пајович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот