Се плашам каква ќе се разбудам: Јелена Розга проговори за љубовта и за здравствениот проблем

Хрватската пејачка Јелена Розга (45) се појави на престижниот фестивал MAC во Белград, каде дојде во црн фустан со шлиц и отворен грб. Јелена подоцна им откри на новинарите дека нашла нова љубов, а проговори и за својот здравствен проблем.
„Јас сум супер среќна, сѐ некако убаво се намести“, рекла Јелена, на што новинарот ја прашал дали зборува за нова љубов.
„Па, тоа ти го кажувам цело време“, му одговорила пејачката. Јелена притоа рекла и дека има сѐ што ѝ е потребно на една жена.
View this post on Instagram
Јелена проговорила и за својата здравствена состојба.
„Се одморив. Малку се одморив, но се плашев затоа што тироидната жлезда не ми е нешто најдобра последните неколку дена, па секогаш се плашам каква ќе се разбудам. Веројатно знаете кои се проблемите кога имате Хашимото, кога наодите не се најдобри, знам да се разбудам многу отечена. Немам тироидна жлезда, имам хашимотов тироидитис што ми ја ‘изеде’ тироидната жлезда. Со ова се борам долго време, околу 14-15 години. Мора да се борите, не треба да се откажувате. Навикната сум да имам периоди кога не сум најдобро. Не сум расположена, многу спијам, ме болат мускулите“, рекла хрватската поп ѕвезда.
View this post on Instagram
Инаку, Јелена Розга и пејачот Саша Матиќ освоија награда за најдобра соработка на наградите во Белград.
ВИДЕО | Каролина Гочева со совршен настап на годинашните „MAC“ награди
Тешки денови за хрватската пејачка: На Јелена Розга ѝ дијагностицирале нарушување на срцето