Се планираат натпревари на секои три дена во ЛШ!?

фото: твитер

Годинашните натпревари во ЛШ ќе продолжат на почетокот на август, кога се очекува да завршат сите првенства.

УЕФА има намера да ја започне групната фаза во Лигата на шампионите за следната сезона не порано од 20 октомври, пренесува „Фудбал Италија”.

Изворот воедно пишува дека годинашните натпревари во ЛШ ќе продолжат на почетокот на август, кога се очекува да завршат сите првенства.

Потоа, во рок од две недели, ќе се игра четвртфиналето и полуфиналето, а екипите ќе играат на секои три дена.

Финалето е закажано за 29 август, моментно целта е да продолжат и мечевите во Лигата на Европа на 2 и 3 август, а финалето да се одигра на 27 август.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, во ЛШ познати беа првите четири патници во четвртфиналето: ПСЖ, Лајпциг, Аталанта и Атлетико Мадрид.

Останатите четири треба да се дознаат после одигрувањето на реванш осминафиналните мечеви: Манчестер сити-Реал Мадрид (2:1), Баерн Минхен-Челзи (3:0), Јувентус-Лион (0:1) и Барселона-Наполи (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот