1 C
Скопје

Се плаќале милиони за промоција на цигари во филмови како „The Flintstones “ и „Rocky“

Во модерната телевизија и филмовите веќе не е многу вообичаено да се гледаат луѓе кои пушат цигари. Бидејќи повеќето филмски студија или ја забранија практиката или имаат имплементирано многу строги мерки во случај кога цигарите треба да се користат како реквизити. Дури и „Netflix“ дозволува пушење само во серијали за возрасни.

Во 1980-тите, се чинеше дека сите во Холивуд пушат, што делумно се должи на фактот дека пушењето било попопуларно и во тоа време имало помала социјална стигма, но ретко кој знае дека некои студија намерно правеле напор да ги прикажат нивните актери дека пушат.

Во 1994 година „The New York Times“ пишуваше за внатрешни меморандуми од „Brown & Williamson Tobacco Corporation“, во кои се дискутира за милионски договори што компанијата ги склучувала со разни режисери и филмски продуценти. Изразувајќи жалење за парите потрошени на таквата програмата, заклучиле дека тие не го добиле посакуваниот резултат од таквиот вид на реклама.

Прочитајте и...  ФОТО | Годините го стигнаа и него: Староста сѐ повеќе видлива кај еден од најголемите шармери на Холивуд

Ова е тактика за рекламирање позната како „поставување производи“ и е целосно легална, но покажува како компаниите што се свесни дека нивните производи се „опасни“ можат да ги користат медиумите за рекламирање на посуптилни начини.

Instagram
Instagram

Во една од зделките на компанијата со „Associated Film Promotions“ чинела 500.000 американски долари за да „вметнат“ лична употреба на нивните цигари во 5 филма, „Rhinestone Cowboy“, „Godfather III“, „Rambo“, „50/50“ и „Rocky IV“.

Компанијата склучила зделки за 22 други филмови помеѓу 1979 и 1983 година. Оваа компанија во целост инвестирала вкупно околу 1.3 милиони американски долари во реклами за пласман на нивните производи во филмови за само неколку години.

Иако сега филмските студија и владите со години се борат против екранизација на ваквиот тип реклами, оваа практика на скриена реклама сè уште е вообичаена во филмовите и телевизиите.

Прочитајте и...  ФОТО | Каролина Гочева: „Добив куп пораки, за момент си помислив и дека стварно ми е роденден“

Поврзани вести

„Се чувствував виновен и длабоко посрамотен“: Ентони Хопкинс призна зошто му се препуштил на алкохолот

Слободен печат

ВИДЕО | Сон на секој што чува домашно милениче и нема двор: Лола е куче што користи нокшир!

Слободен печат

Лесно влегуваат во долгови и не знаат за доста: Овие 5 хороскопски знаци се најголемите трошаџии

Слободен печат

ФОТО | Ги извлекле нивните среќни броеви на лотарија за „џек – пот“, а Рејчел и Лиам не го уплатиле добитното ливче!

Слободен печат

Богатата наследничка во долгови: Тамара во 2020 година загубила милиони!

Слободен печат

ФОТО: Максимализам, новиот популарен тренд во уредување на домот

Слободен печат

Остави Коментар