Се палат документи во кинескиот конзулат во Хјустон (ВИДЕО)

Кинеската влада денеска извести дека официјален Вашингтон без образложение побарал да се затвори кинескиот конзулат во Хјустон во сојузната држава Тексас, потег кој Пекинг остро го осуди и се закани со реципрочни мерки, извести Ројтерс.

Претставникот на кинеското министерство за надворешни работи на редовниот дневен брифинг со новинарите изјави дека САД вчера ја известиле Кина дека мора да го затвори конзулатот во Хјустон.

Портпаролот на Стејт депарментот Морган Ортагус изјавил дека конзулатот се затвара за да се „заштити интелектуалната сопственост и приватните информации на Американците“, пренесува АФП.

– Виенската конвенција вели дека дипломатите мора да ги почитуваат законите и правилата на земјата домаќин и да имаат обврска да не се мешаат во внатрешните работи на државата – изјави портпаролот не давајќи повеќе детали за настанот.

Кинеските медиуми пренесоа дека кинеското Министертство за надворешни работи побарало од Вашингтон да ја повлече одлуката.

Хјустонската полиција на Твитер објави дека е приметен чад кој се ширел од просторот на конзулатот, но истакнаа дека на полицијата не и било дозволено да влезат во дипоматскиот објект.

По неколку пријави од очевидци дека во конзулатот се палат документи, пожарникарите  пристигнаа на локацијата, но се уште е непзнато дали влегле во објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот