Се ожени ГЕРЕТ БЕЈЛ: Семејството на невестата не било покането на свадбата

Profimedia

На тајна церемонија во Мајорка, Герет Бејл се венчал со долгогодишната девојка Ема Рис Џонс, пишува The Sun. Парот го кажал судбоносното да пред 60 блиски пријатели и членови на семејството, а за церемонијата е изнајмено и посебно обезбедување, за кое се верува дека е поврзано со семејната драма која веќе неколку години ја преживува Ема.

Герет Бејл
Profimedia

Нејзиниот татко Мартин отслужил шестгодишна казна затвор поради проневера и перење пари, а ни остатокот од нејзиното семејство не е далеку од криминал и многумина се занимаваат со препродавање на дрога. На венчавката не биле поканети ни дедото и бабата на Ема, кои ја одгледале, пишуваат странските медиуми.

Венчавката требало да се одржи минатата година во Тоскана, и да пее Бијонсе, ама била одложена поради катастрофалните односи во семејството на Ема.

Герет Бејл
Profimedia

Герет Бејл и Ема се во врска уште од средно училите и имаат две деца. Ема на почетокот на врската работела како фризерка во Кардиф. Нема јавни профили на Фејсбук и Инстаграм, скромно се облекува и е посветена на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот