Се отвора вратата за трговијата со дијаманти!

Фото: Илустрација

Денеска во комисијата за европски прашања ќе се расправа за Предлог-закон за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти.

Овој закон е дел од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и е со европско знаменце.

Според информациите, предлагач на законот е Владата, додека како претставници се јавуваат министерот за економија Бектеши и неговиот заменик Наумов.

Со овој закон се yредуваат условите под кои може да се врши увоз, извоз и транзит на необработени дијаманти во Македонија, надлежностите на државните органи во контролата на увозот, извозот и транзитот, сертифицирање на необработените дијаманти во т.н „процес Кимберли“.

„Процесот Кимберли“ претставува меѓународна шема за сертифицирање со која се регулира трговијата со необработени дијаманти. Воспоставена е во заедничка соработка со држави, невладини организации и претставници од индустријата со дијаманти заради спречувањe финанисрање на некои од најкрвавите конфликти и граѓански војни во Африка, преку експлоатација и трговија со необработените дијаманти, познати во меѓународната јавност како „конфликтни дијаманти“ – стои во предлог законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот