Се отстрануваат непрописно паркираните возила во Општина Аеродром

На територија на Општина Аеродром деновиве се спроведува акција за отстранување на возила што се паркирани несоодветно и спротивно на Законот за јавна чистота и Законот за урбано зеленило.

– Инспекциските служби на Општина Аеродром секојдневно се на терен и интервенираат секаде каде што е потребно, а несовесните возачи добиваат парични казни и се соодветно санкционирани – стои во објавата на локалната самоуправа.

Според надлежните, несоодветно паркираните возила на плочниците меѓу зградите, на тревниците и на другите јавни површини го оневозможуваат непреченото движење и претсавуваат опасност за пешаците и велосипедистите, а се предизвикуваат и материјални штети, кои сите ние ги плаќаме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот