Се отстранува снегот во Тетовско

Најдолгиот и најфрекфентен планински патен правец регионалната делница 1209 Тетово-Попова Шапка се расчистува од снег од страна на тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат).

Во текот на денешниот ден службите за зимско одржување на патиштата при општина Тетово работеа на патиштата кон потшарпланинските села, информираат од тетовската локална самоуправа.

-Во моментот се чистат патиштата: Шипковица-Бродец-Вешала-Бозовце, патишта во населбите Расадиште, Гајре и Лисец, како и патот Селце-Лавце и Вејце. За да се спречи замрзнувањето во вечерните часови, исчистените патишта се третираат и со сол, потенцираат од општина Тетово.

Најдолгиот и најфрекфентен планински патен правец регионалната делница 1209 Тетово-Попова Шапка се расчистува од снег од страна на тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат).

Од таму информираат дека патот е прооден но постојано се работи на отстранување на снег од коловозната лента со оглед на интензивните врнежи од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот