Се оствари уште едно предвидување на „Симсонови“: Том Хенкс во самоизолација, фановите фрапирани

ФОТО: Screenshot

Веста дека Том Хенкс е заболен од коронавирус ги шокираше фановите ширум светот. Излезе дури и вирално меме тврдејќи дека „Симпсонови“ ја предвиделе болеста на омилениот актер. Дали е тоа вистина?

Анимираната американска ТВ серија, позната по својата необична способност да предвиди големи светски настани – од изборот на американскиот претседател Доналд Трамп, препирките со машината за гласање во САД и кризата со еболата 2014-2016.

Точното тврдење кое остава без здив е дека Хенкс во долгометражниот филм „Симпсонови“ од 2007 година се самоизолираше и вели: „Ако ме видите, оставете ме!“.  Ова предвидување е помалку нападно, дури и за емисијата која е заслужна за низа страшни предвидувања во минатато.

Вистинските фанови сметаат дека „Симпсонови“ не само што го предвиделе избивањето на вирусот, туку понудија и решение во облик на џиновска купола која во една прилика ја постави Агенцијата за заштита на животната средина.

Култната серија „Симпсонови“ почнаа да се емитуваат на Фокс во далечната 1989 година и досега серијата трае 31 сезона, со најавена 32. сезона некаде после март 2020 година, што е доволно долг период да се исполнат некои од нивните прогнози, но не и несреќното заболување на Том Хенкс од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот