Се ослободува простор во грчките болници, дел од пациентите ќе се префрлат во приватни клиники

До крајот на месецов, во државните и воените болници во Грција, се ослободува простор и објектите, просторите и креветите ќе бидат наменети исклучиво за пациенти заразени со коронавирусот, додека пак оние што се хоспитализирани на одделите за интензивна нега, а не се ковид-пациенти, доколку биде потребно, ќе бидат префрлени во приватни клиники, предвидува заедничка министерска одлука објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Стар” рече дека со ова, „се дава можност, случаите што не се ковид од одделите за интензивна нега од државните болници да бидат префрлени во приватните клиники”.

Објасни дека соработуваат со приватниот сектор и тоа е „заедничка битка со коронавирусот”, но и за да има можност, некои од единиците за интензивна нега да се претворат во единици за Ковид.

Прочитајте и...  Бучковски: Бугарија ќе направи историска грешка ако ја блокира нашата земја на европскиот пат

Поврзани вести

Со амин од Џафери набавени 100 лаптопи за пратениците

Слободен печат

Бугарија нема поддршка од другите земји на ЕУ, но има целосно право да блокира

МИА Агенција

Рушиме рекорди: Дванаесет лица починаа, нови 641 пациент заразени со ковид-19

Слободен печат

Николовски: Работиме силно на враќање на довербата во институциите од страна на граѓаните

Слободен печат

Бочварски: Инвестираме над 87 милиони евра за изградба и рехабилитација на патната мрежа во Крива Паланка и околината

Слободен печат

Врвот на Европската Унија на средба на 29 октомври: Темата ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар