Се опоравува таткото – монструм, заврши обдукцијата на трите убиени деца во Загреб – конечни резултати нема

Хрватска полиција/ Фото: Профимедиа

Во Заводот за судска медицина и криминалистика на Шалта заврши обдукцијата на убиените седумгодишни близнаци и невниот четиригодишен брат. Зад ова грозоморно убиство кое ја потресе Хрватска и регионот стои нивниот татко, австрискиот државјанин Харлад Копитц (56) кој откако во саботата ги уби своите деца, се обиде да си го одземе животот.

Тој се опоравува од обидот за самоубиство во КБЦ Сестри милосрдници, а пред болничката соба го чуваат двајца полицајци, јавуваат хрватските медиуми.

За да биде стопроцентно потврдена точната причина за смртта на децата, наложени се дополнителни токсиколошки анализи зошто постојат сомненија дали смртта настапила од иницијално труење со лекови или пак само од гушењето од рацете на таткото.

Медиумите јавуваат дека Копитц добро се опоравува и може да биде пуштен од болница, по што ќе биде преземен од полицијата и ќе тече криминалистичко истражување за случајот со тројното убиство на децата.

Инаку, неговата здравствена состојба е подобрена но тој одбива било каква комуникација со болничкиот персонал како и со полицајците. Копитц треба да биде комбинирано испрашуван за да се утврди, меѓудругото и неговата пресметливост во времето на злосторството зошто од тоа ќе зависи и конечниот судски исход, кој може да достигне и до 50 години затвор за убиецот на своите деца.

Во меѓувреме, поранешната сопруга на Копитц и мајка на погубените деца не е во состојба да дава никаква изјава за односите со сопругот со кого три години водела бракоразводна парница, а тој на најлош можен начин и покажал колку ја мрази, згаснувајќи ги животите на нивните три деца, пишува Јутарњи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот