Се омажи една од најубавите спортистки – Ива Стојковска, премиерот Зоран Заев беше гостин (ФОТО)

Викендот што помина се омажи една од најубавите поранешни ракометарки – Ива Стојковска. Нејзиниот избраник е струмичанецот Даниел Пројковски со кого беше неколку години во љубовна врска.

(Фото: Фејсбук)

Свадбената прослава се одржала во еден познат скопски ресторан, а на неа присуствувале нивните најблиски пријатели, роднини, а меѓу гостите бил и премиерот Зоран Заев.

Инаку Ива пред неколку години ги бранеше и боите на репрезентативниот дрес, беше дел од ЖРК Вардар, а и покрај многуте понуди од странски клубови, таа реши да се повлече од овој спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот