Се огласија членовите на „Парни Ваљак“: „Љубов добиваш колку што даваш“, а Аки даваше и даваше…

парни ваљак
„Парни ваљак“ / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Членовите на „Парни Ваљак“ вчера уште еднаш им се обратија на обожавателите по смртта на фронтменот Аки Рахимовски.

„Нè напушти нашиот добар дух, пријател и соборец, Аки – човек кој живееше за песната, сцената и својата публика. Сè уште сме во шок и неверување и длабока тага и моментално не можеме да даваме лични изјави за медиумите. Се радувавме за претстојната турнеја и новиот сингл. Ова е преголема загуба за нашиот драг пријател и ве молиме за разбирање во името на неговото семејство и бендот“, напишаа тие.

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

„Би сакале да им се заблагодариме на публиката, пријателите и колегите за нивните пораки за поддршка и сочувство. Знаевме колку е сакан, но неизмерно сме трогнати од големата љубов и реакциите што доаѓаат од целиот свет. „На крај, дозволи да ти кажам, љубов добиваш колку што даваш“, а Аки даваше и даваше“, рекоа тие.

„За секоја дополнителна информација ќе ве информираме навремено, исклучиво преку нашата официјална веб-страница, а се воздржуваме од какви било надворешни и непроверени изјави“, предупредија тие откако во регионалните медиуми почнаа да се појавуваат непроверени изјави на различни лица наречени соработници на Аки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот