
Се огласи вистинскиот Бред Пит за измамата која една Французинка ја чинеше дури 830.000 евра
Светските медиуми ја пренесоа веста за измамата што ја доживеала 53-годишната дизајнерка на ентериер Ан од Франција. Имено, таа испратила 830.000 евра на непознат маж за медицинско лекување, кој ѝ се претставил како Бред Пит.
Препорачано
Сега за овој инцидент преку свои претставници проговори и вистинскиот Бред Пит.
„Ужасно е што измамниците ја искористуваат силната врска на обожавателите со познати личности. Не одговарајте на такви пораки, особено од актери кои воопшто немаат присуство на социјалните мрежи“, рекол тој за „Викли ентртејнмен“.
Тој додаде дека на ист начин биле измамени уште две жени на интернет.
Да потсетиме, Ан, 53 години даде интервју за случајот во емисијата „Седум до осум“ на каналот ТФ1 во неделата. Говорејќи за она што таа го сметала за онлајн врска со Пит која траела повеќе од една година, Ан изјавила дека мислела оти се заљубени. Кога ѝ било кажано дека актерот има потреба од финансиска помош за лекување рак, бидејќи неговите сметки биле замрзнати за време на разводот со Анџелина Џоли, таа ги префрлила парите.
Дури летово, кога холивудската ѕвезда беше фотографиран во медиумите со својата партнерка Инес де Рамон, Ан сфатила дека станува збор за сложена измама.
Баба и дедо со скршени срца: Родителите на Бред Пит не ги виделе своите внуци осум години
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
35мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5