Се огласи тренерот на Медведев кој си замина среде меч

Данил Медведев/фото: EPA-EFE/CATI CLADERA

Голем скандал се случи за време на финалето на турнирот во Хале, кога првиот тенисер на АТП ранг-листата, Данил Медведев му се развика на својот тренер Жил Серварa, а тој си ги собра работите и го напушти стадионот.

Медведев во финалето загуби од од Полјакот Хуберт Хуркач во два сета и фрустрацијата и бесот ги искали врз својот долгогодишен тренер Сервара.

Сервара не издржа стана и го напушти мечот по што многумина помислија дека тоа ќе биде крај на нивната успешна соработка, но во меѓувреме се смирија и ја продолжија соработката.

– Данил ги губи нервите поради детали или затоа што противникот е подобар од него. Не успева да се смири и потоа сè ескалира. Кога работите одат толку далеку, нема што да се прави и единствено решение е да си заминете од трибините. Во мојот случај, јас го напуштив теренот затоа што не ја прифатив таа ситуација – изјави Сервара за немилиот настан во Хале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот