Се огласи Сораја по нејзиното апсење: Се е во ред, не претерувајте! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Црногоската старлета Сораја Вучелиќ – Масони (34) вчера беше уапсена во Жаљак во Црна Гора, поради тоа што не постапувала според здравствените прописи на таа земја.

Старлетата не е единствена која била уапсена, туку и М.М. (33) од Подгорица. Девојките биле одведени во државниот суд во Основото државно обвинителство во Плјевима.

 

View this post on Instagram

 

Wild wife ?

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

Меѓутоа, сега старлетата се огласи сама…

Таа кажала дека главниот проблем била всушност нејзината пријателка.

– Не сум уапсена, туку заедно со пријателката сме приведени на разговор. Се возевме со нејзиниот автомобил за кој таа немаше документи во себе, а исто ѝ ја заборавила возачката дозвола. Најголем проблем беше што автомобилот беше регистриран со италијански регистарски таблички, но сега се е решено. Нема потреба да се претерува – рекла Сораја за српските медиуми.

Да потсетиме. Сораја Вучелиќ-Масони, 34-годишната старлета е уапсена во Црна Гора поради сомнение дека сторила казнено дело на непостапување според здравствените прописи за сузбивање на опасната болест, пренесуваат медиумите од регионот. Со неа била уапсена и нејзината придружничка, М.М од Подгорица.

– Постапувајќи според оперативни информации, полицијата изврши контрола на една викендица во која се затекнати две женски лица кои не поседувале дозволи за исклучок на забраната за меѓуградски сообраќај, односно пропусници – рекле од полицијата.

Освен што ја прекршиле таа мерка, ја прекршиле и мерката за забрана за собирање во објекти за оние кои не се членови на домаќинството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот