Се огласи скопјанката Менче, откако ѕвездата на Интер донираше 3.000 евра за нејзината операција! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Доказ дека во светот постојат луѓе во вистинска смисла на зборот е тоа што ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Интер, Хрватот Марсело Брозовиќ вчера експресно донираше 3.000 евра за скопјанката Стаменка Менче Трповска, која преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операцијата на колковите.

Оваа објава преку фан-клубот на Интер во Македонија ја прочитал и познатиот фудбалер, кој без размислување на младата скопјанка и уплатил 3.000 евра, односно целата сума потребна за оперативниот зафат.

Операцијата на 26-годишната Менче од Скопје ѝ ја плати ѕвездата на Интер, Марсело Брозовиќ

„Слободен печат“ стапи во контакт со Менче, која не можеше да ја скрие среќата што за толку кратко време се собра потребната сума за операцијата.

– Возбудена сум многу и пресреќна, иако јас не пратам фудбал и не сум слушнала за него, но многу сум благодарна за неговиот придонес. Во секој случај по реакциите на моите блиски сфатив дека е популарен и добар играч, а сега покажа дека е добар и хуман човек – ни изјави Менче.

Фото: Фејсбук

Несомнено со овој хуман гест, популарниот фудбалер на Интер, Марсело Брозовиќ доби илјадници фанови од нашата земја…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот