Се огласи поранешната сопруга на новиот дечко на Лејди Гага (ФОТО)

Откако пејачката и актерка Лејди Гага е фотографирана како разменува бакнежи со инженерот за звук Дан Хортон, на социјалните мрежи се огласи и неговата поранешна сопруга, актерката Аутум Гузарди.

Имено, таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија покрај која напиша „Poker Face“ и емотикона срце, што е наслов на една од најпопуларните песни на Лејди Гага. Многумина тоа го сфатија како провокација, но и доказ за љубомора.

Да потсетиме, магазинот „People“ објави папарацо фотки во еден ресторан на кои се гледа како Гага го бакнува непознатиотт музичар. Набрзо се дозна дека станува збор за аудио инженерот Дан Хортон кој работеше на нејзините песни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот