Се огласи момчето кои го доби рекетот од Ѓоковиќ: Тоа нема цена, рекетот ќе го задржам

Фото: JEAN CATUFFE / AFP / Profimedia

Одличното финале на Ролан Гарос во кое победи Новак Ѓоковиќ во пет сета, го одбележаа неколку моменти, а еден од нив беше невообичаената поддршка за српскиот тенисер од првиот ред од трибините. Младото мексиканско момче Матео, во текот на целиот меч со Циципас го бодреше Ѓоковиќ дури и кога губеше со 0:2 во сетови. По големиот триумф Ѓоковиќ му го подари тенискиот рекет на Матео, а тие моменти го обиколија светот. Кога се дозна дека станува збор за младо момче од Мексико,  медиумите ја започнаа потрагата по Матео, кој денеска се огласи во јавноста.
– Не знаев дека Ѓоковиќ ме слушаше, бев изненаден што воопшто ме слушна – ја започнува Матео приказната за Имаген Депортес.

Италијанскиот новинар повторно го насмеа Новак: Дали во тоалет го сретна Свети Сава

Се започна во полуфиналето против Надал на кое бев повикан. И тогаш му давав совети на Новак, пораки, мотивација. Му зборував работи како „Го можеш тоа“, „Ништо не е страшно“, „Добра стратегија, продолжи така…“ и го мотивирав да продолжи со својата игра. Тоа му го зборував на англиски јазик. Мислев дека не ме слуша, но на мое изнанедување на крајот почувствував дека слуша се што му зборувам – зборува Матео.

– За мене делуваше речиси неверојатно бидејќи Надал е крал за земјените терени. Ми излгедаше дека е многу тешко, но продолжив да го мотивирам – раскажува Матео кој открива дека не тренира тенис.
– Не играм тенис, но обожувам да го гледам овој спорт. Имав среќа да ме повикаат на финалето. Многу ми се допаѓа тенисот. Јас тренирам фудбал, во Мексико навивам за Клуб Америка, додека во остатокот од светот, мојот омилен тим е Реал Мадрид, но сега и ПСЖ.

Матео потоа ја раскажа случката по победата на Новак во финалето.
– На крајот ми донесе капче. Почувствував дека кога ми го подари капчето како да ме познава, ми се приближи потоа и му реков „Честита, ти си голем“ и тој си замина. Подоцна се врати и ми го даде рекетот. Тоа доживување нема цена, рекетот ќе го задржам.

Срамно, масовно се бришат видеата на кои Ѓоковиќ му го подарува рекетот на момчето од трибините

ВИДЕО: Мајката на момчето кое го доби шампионскиот рекет од Ѓоковиќ објави слики кои ги воодушевија сите!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот