Се огласи Манчини откако одлучи да остане селектор на Италија

Роберто Манчини е селектор на Италија од 2018 година/фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Роберто Манчини по неколкудневно размислување одлучи да остане на клупата на италијанската репрезентација откако „аѕурите“ доживеаја дебакл во баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

„Аѕурите“ во четвртокот во Палермо загубија од Македонија со 0:1 и тоа благодарение на голот на Александар Трајковски во 92 минута.

Иако јавноста беше гневна на селекторот и на фудбалерите, Манчини одлучи да остане на функцијата и денеска конечно се огласи во јавноста.

– Многу зборувавме овие денови. Имаме исти идеи за сите работи за кои разговаравме, а ќе зборуваме повторно за неколку дена бидејќи сека фокусот ни е на натпреварот со Турција. Ќе видиме што и како можеме да подобриме во иднина. Нè очекува тежок период – изјави Манчини на денешната прес-конференција во пресрет на утрешниот пријателски натпревар со Турција.

Манчини потоа зборуваше за времето поминато на селекторското столче.

– Многу сум среќен што направивме во изминатите четири години. Освојувањето на Европското првенство не е единственото добро што го направивме. Сите момци заслужуваат пофалби за сè што направија. Требаше да бидеме први во квалификациите со најмалку два бода предност пред Швајцарија. Требаше да ја победиме Швајцарија во Базел со 3:0. Од септември среќата целосно не напушти. Не можам да ги обвинувам играчите бидејќи цело време игравме добар фудбал, но го пропуштивме финалето. Имаше грешки – додава Манчини.

Тој е убеден дека Италија можеше да триумфира на Мундијалот во Катар доколку се пласираше на него.

– Сега треба да вклучиме нови, млади луѓе во системот. Се надеваме дека ќе добијат поголема минутажа во своите клубови и тоа е клучната работа. Имаме многу млади играчи кои имаат амбиција да играат за Италија со брилијантен потенцијал. Сега треба да погледнеме како да ги вклучиме. Сегашниот тим, заедно со некои нови лица, можеше да го освои Светското првенство. Ќе видиме што ќе биде, ќе промениме некои работи за следните натпревари и треба сите заедно да се фокусираме кон следното ЕП на кое ќе се обидеме да ја одбраниме титулата – додава Манчини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот