Се огласи лидерот на Исламска Држава – НАЈБАРАНИОТ ТЕРОРИСТ во светот најави нови напади

Терористичка група/ Фото: Архива на Слободен печат

Лидерот на таканаречената Исламска Држава, Абу Бакр ел Багдади наводно денеска во објавената аудио снимка предупредил дека во тек се секојдневни операции на терористичката организација.

Аудио пораката ја објавила медиумската мрежа на Исламска Држава „Ал Фуркан“, која тврди дека ја упатил лидерот на Исламска Држава, пренесува Ројтерс додавајќи дека, ако е тоа точно, тоа е негово прво обраќање од април оваа година.

„Секојдневни операции се во тек на различни фронтови“, предупредил наводно Ел Багдади и како пример навел неколку области, како Мали и Левантскиот залив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот