Се огласи Кајри Ирвинг: Не направив никаков криминал со тоа што не сакам да се вакцинирам

Кајри Ирвинг не планира да ја заврши кариерата поради тоа што одбива да се вакцинира/ фото: EPA-EFE/Peter Foley

Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг јавно соопшти дека одлучи да не се вакцинира против коронавирусот.

Ирвинг поради тоа што одбива да се вакцинира, не смее да тренира со својот тим во Бруклин, а управата на „мрежичките“ одлучи да го отстрани од тимот.
Според одлуката на градските власти во Њујорк, не е дозволен влез во сали за невакцинирани лица и немаат намера да прават исклучок за спортистите.
Поради оваа одлука, Ирвинг нема да може да настапува на домашните натпревари на Бруклин и со тоа се очекува да загуби околу 15 милиони долари, бидејќи НБА лигата и Унијата на кошаркари се договорија невакцинираните кошаркари да не бидат платени за натпреварите кои ќе ги пропуштат поради оваа причина.

– Грешат доколку ме претставуваат како негативец или како херој, тоа не ми беше намерата. Станува збор за избор, односно за тоа што е најдобро за вас. Мислите дека сакам да останам без пари, дека сакам да се откажам од својот сон за освојување на титулата? Дека сакам да се откаѓам од својата работа и да седам дома? Не треба да се делиме туку да го почитуваме секој избор – вели Ирвинг и потоа додаде:

– Секој има право да го прави тоа што мисли дека е најдобро за него. Тажно е да се гледа како светот се дели поради оваа ситуација. Не сум антиваксер, туку станува збор за тоа што мислам дека е најдобро за мене. Се чувствувам несигурно и тоа е во ред. Знам какви се последиците од мојата услуга, но никого не повредив и не направив никаков криминал . Ги поддржувам тие кои останаа без работа бидејќи не сакаат да се вакцинираат, како што ги подржувам и тие кои се вакцинираа. Реалноста е таква дека морам да бидам вакциниран за да играм во Њујорк. Но, јас одлучив да не се вакцинирам и ве молам да го почитувате мојот избор. Ќе продолжам да тренирам, за да останам во форма. Исто така не се повлекувам од кошарката, нема да се откажам поради задолжителната вакцинација“ – соопшти Ирвинг.

Видео на денот