Се огласи и Трамп: Моравме да покажеме малку „груба љубов“ за да се договориме со Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој денеска постигна договор со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, за прекинување на турската офанзива во северниот дел на Сирија.

Трамп на Твитер напиша дека тоа е одлична вест која ќе спаси милиони животи.

„Мораме да покажеме малку „груба љубов“ за да дојде до договор. Ова е одлично за сите. Горд сум на сите“, напиша Трамп.

Тој истакна дека ова е одличен ден за цивилизацијата и дека е горд што цела земја била со него на „непходниот, но помалку неконвенцијален пат“.

„Луѓето многу години се обидуваа да го постигнат овој договор. Милиони животи ќе бидат спасени. Ви честитам на сите“, напиша Трамп во серијата твитови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот