Се огласи и Северина: Поради притисок од поранешниот партнер дојдоа во домот на мајка ми

Откако Северина е неправослино осудена со парична казна поради навредување и омаловажување на социјална работничка минатата година, се огласи и нејзиниот тим за јавни односи. Тие велат дека Северина не ја навредувала социјалната работничка и дека ќе се жали на судската одлука.
„Северина не навредувала, туку протестирала поради незаконското постапување на Центарот за социјални грижи и најавила ќе ги пријави и јавно ќе ги објави нивните незаконски постапки. Северина со сигурност ќе се жали на оваа одлука“, изјавиле од нејзиниот тим за хрватски „Индекс“.
Тие велат дека во овој случај станува збор за работничка во Центарот за социјални грижи, во чија постапка се утврдени низа грешки. „Станува збор за социјална работничка, на која управниот надзор ѝ утврдил низа грешки во постапките, поради што е променет Центарот за социјални грижи каде таа работела, и сега предметот го води друг центар“, велат од тимот на Северина.
Што се однесува до случајот во кој Северина е неправосилно осудена, од нејзниот тим за односи со јавност, велат дека станува збор разговор кој се одвивал меѓу пејачката и работничката, откако на Северина ѝ било најавено дека од Центарот за социјалн грижи ќе дојде дојдат да ги проверат условите во кои живее нејзината мајка.
„Во конкретниот случај станува збор за разговор со социјалната работничка откако на Северина и било соопштено дека таа ќе дојде во надзор за да провери во какви услови живее нејзината мајка, иако претходно истата социјална работничка тврдела дека ќе ја игнорира пријавата на нејзината сестра, бидејќи ја виделе мајката во нејзиниот дом и виделе дека жената е добро и дека е згрижена. Но, поради притисок од поранешен финансиски моќен партнер, за кој има и писмени докази, Центарот сепак одлучил да дојде во просториите во кои живее мајката на Северина, што било понижувачко за 86-годишната жена за која се грижи пејачката“, велат од тимот на Северина.
Надзорот утврдил дека Северина се грижи за својата мајка.
„Надзорот, се разбира, утврди дека Северина се грижи за својата мајка, исто како што се грижи за своето дете на најдобар можен начин од самото раѓање. Инаку, сестрата на Северина не ја видела нивната мајка со години пред тоа, а Северина, покрај грижата за мајка ѝ и детето, води грижа и за ќерката на нејзината сестра уште од нејзината 19-та година“, објаснуваат од тимот на Северина.