Се огласи и Перез: Одговорот на ПСЖ на нашата понуда беше непристоен

Флорентино Перез треба да понуди светски рекорд за услугите на Мбапе/ фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Дефинитивно постои „фудбалска војна“ на релација Мадрид – Париз и тоа поради Килијан Мбапе.
Откако доцна синоќа Реал Мадрид испрати официјална понуда тешка 160 милиони евра за Мбапе, денеска во јавноста се огласија челниците на ПСЖ, поточно спортскиот директор Леонардо.

Леонардо изјави дека Мбапе може да си оди, клубот нема да го задржува со сила, но условите и барањата на ПСЖ мора да бидат исполнети.
Директорот на ПСЖ притоа ги критикуваше челниците на Реал Мадрид велејќи дека стратегијата на шпанскиот тим е да покажат дека се обидоа да сторат се и идната година бесплатно да го донесат Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

По изјавите на Леонардо, пристигна одговорот од Мадрид, претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез изјави дека добиле непристоен одговор.
– ПСЖ веќе одговори на нашата понуда за Килијан Мбапе и нивниот одговор беше непристоен – порача Перез.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува наредното лето, па францускиот тим мора да го продаде до крајот на овој преоден рок доколку не сака да го загуби бесплатно од 1 јануари 2022 година.

Војна на Реал и ПСЖ: Мбапе може да си оди само под наши услови

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот