Се огласи и Берлускони: Ароганцијата на Трамп го чинеше пораз на изборите

Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Доналд Трамп ги загуби претседателските избори во САД поради премногу агресивност и преголема ароганција, оцени поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

– Мислам дека на овие избори беше поразен и поради неговиот став, многу често и преагресивен, многу често и преарогантен, изјави Берлускони за телевизија РАИ.

Тој, исто така, ја нагласи намерата на избраниот кандидат на демократите, Џо Бајден „да биде претседатек на сите Американци“ дека моќе да да биде „добра за сите нас“.

Бајден досега освои 290 електорски гласови

Џо Бајден досега освои 290 електорски гласови. Вчера медиумите во САД лиферуваа информации дека ја освојува Пенсилванија, а кратко потоа и Невада. Со тие две држави, тој стигна до бројката од 290 електроски гласови, додека Трамп без Пенсилванија, речиси, е невозможно да успее до нов мандат во Белата куќа.

Вчеравечер, пак, Бајден одржа и победнички говор за разлика од Трамп кој и натаму одвива да признае пораз на изборите. „Си-Ен-Ен“ објави дека, најпрво, зетот Џеред Кушнер, а потоа и сопругата Меланија Трамп го наговарале да се признае оти ги загубил изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот