Се огласи Харадинај: Разговарав со руските комичари, со Заев во последните десет дена не сме се слушнале

EPA-EFE/MALTON DIBRA

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, изјави дека имал телефонски разговор од хакирана линија и со двајцата руски комичари, но како што рече тој, во нивниот разговор немало нешто специфично затоа што се знаат неговите ставови за Косово и поради тоа немало многу за објавување.

Харадинај овие изјави ги даде на прес-конференција, по редовната владина седница.

– Со претседателот Петро Порошенко зборував, но потоа и со комичарите. Еден или два разговори сум имал со него од безбедна линија. Додека, имав и еден разговор од хакирана линија, од каде ме побарале. За среќа мојот разговор не излегол од шаблонот и не го објавиле – рече Харадинај.

Тој, исто така, рече дека во последните десет дена не разговарал со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.

– Со премиерот Заев, во овие последни десет дена не сум имал можност да се допишувам или да разговарам со него. Важно е Косово да знае, дека како со телефон така и со отворени врати, имам еден став и поради таа причина моите разговори не се објавуваат – додаде косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, пренесува Телеграфи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот