СЕ ОГЛАСИ ДАЧИЌ ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД! Кажа за ПЕКОЛОТ кој го преживеал, а му се случи и нов МАЛЕР

фото: Марина Лопичиќ/курир.рс

Во моментот на нападот на терористите во престолнината на Сомалија, Ивица Дачиќ се наоѓал во претседателската палата каде разговарал со претседателот на таа земја.

Дачиќ истакна дека домаќините го известиле дека мета на напад бил министерот за надворешни работи на Сомалија.

Дачиќ тоа го изјави од Атина каде авионот на Владата на Србија принудно слетал поради дефект, кој моментно се отстранува и чека тоа да биде завршено за да продолжи кон Белград.

Тој раскажал за Танјуг дека експлозијата толку многу одекнала што претседателот на Сомалија се „затресе“.

-Ние на тоа сме навикнале, нас не бомбардираа,му  рекол Дачиќ, додека претседателот на Сомалија му одговорил дека ако тука биле некои од Запад, веднаш би побегнале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот