Се огласи Бен Афлек откако се проширија гласините дека е во врска со 36-годишната ќерка на Роберт Кенеди помладиот
Веќе некое време кружат гласини дека 52-годишниот Бен Афлек е во врска со 36-годишната ќерка на Роберт Кенеди помладиот, Кетлин Александра Кенеди, позната и како Кик Кенеди.
Имено, неодамна извор за американскиот „Пејџ сикс“ изјави дека Бен и Кик биле видени во салонот Поло на хотелот „Беверли Хилс“, но и дека се видени како се дружат на други популарни места во Лос Анџелес.
Сега се огласи портпаролката на актерот и рече едноставно и кратко дека „гласините не се точни“, пренесуваат странските медиуми.
Инаку, ќерката на Роберт Кенеди помладиот одбила да ги коментира наводите за „Пејџ сикс“, а претставниците на медиумите на Афлек допрва треба да одговорат.
Да потсетиме, неодамнаЏенифер Лопез (55) поднесе барање за развод од 52-годишниот Афлек по неколкумесечни гласини за раскинување. Според „Пејџ сикс“, бракот на Џеј Ло и Бен завршил во март, иако латинската дива го наведе 26 април како датум на нивната разделба и непомирливите разлики како главна причина за разделбата.
ФОТО | Бен Афлек на прошетка без Џеј Ло: Актерот се потруди да им покаже важен детаљ на папараците