Се одложи „Таргет-Тврдина“, обвинетиот Исаковски е во изолација

Денешното рочиште за аферата со незаконското прислушкување познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“ е одложено поради отсуство на обвинетиот Васил Исаковски.

Причина за одлагање на денешната расправа е писмениот доказ кој го доставил отсутниот обвинет со кое се посочува дека бил во домашна изолација поради контакт со заболен од коронавирус.

Судот предложи, а ОЈО одби да се раздвои постапката за отсутниот обвинет, со што денес изостана сведочењето на голем број сведоци кои дојдоа денес во суд да дадат исказ како оштетени сведоци. Следното рочиште е закажано за 21 овој месец.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот