Се одложи денешното рочиште за „Насилство во општина Центар“

Фото: sud.mk

Причината за одложувањето е потребата на новиот адвокат на обвинетиот Александар Трајковски да се запознае со предметот. 

Денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето за случајот „Насилство во општина Центар“. Причината за одложувањето е потребата на новиот адвокат на обвинетиот Александар Трајковски да се запознае со предметот.

На денешното рочиште од страна на судскиот совет беше одбиено барањето на обвинетиот Миле Јанакиевски, поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер уште еднаш да биде сослушан во својство на сведок. Овој предмет почна од почеток лани.

Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и уште 11 лица.

Според обвинението Никола Груевски со умисла го поттикнал Јанакиевски да изврши насилство врз поранешниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски и членовите на советот на општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот