Се очекува утре да се официјализира идниот ревизор

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за утре закажа продолженија на три седници, а на едната од нив повторно избор на главен ревизор.

Собраниски извори за МИА велат дека е постигнат договор меѓу претставниците на политичките партии кој ќе биде идниот ревизор и очекуваат тоа утре да се официјализира.

Последните изјави и од власта и од опозицијата минатата недела беа дека се залагаат за широк консензус за кандидат за главен државен ревизор.

Државната ревизија е блокирана повеќе месеци, а речиси две години е без главен ревизор.

На дневен ред на другите продолженија на Комисијата се и утврдување предлози за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, именување директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, избор на директор и заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци,
именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Пред пратениците се и предлозите за именување членови на УО на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, Проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и избор на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, Продолжување на постапката по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за избор на членови на Советот на ААВМУ и Продолжување на постапката по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија (МРТ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот