Се очекува администрацијата на Трамп да ја прогласи Венецуела за земја која го спонзорира тероризмот

николас мадуро

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да ја прогласи Венецуела за држава која го спонзорира тероризмот и ќе покрене обвинение против нејзиниот претседател Николас Мадуро, објави Си-Ен-Ен.

Со таквиот потег ќе се достигне најниската точка во односите меѓу САД и Венецуела.

Ваквото етикетирање на Венецуела, Вашингтон досега го имаше само за четири други земји – Северна Кореја, Иран, Судан и Сирија, кои „постојано поддржувале акти на меѓународен тероризам“, ќе и овозможи на американската Влада да воведе натамошни построги санкции против управувањето на Мадуро.

Се очекува обвинителите од Министерството за правда на САД да поднесат обвиненија против Мадуро и високи владини претставници, соопштија извори за Си-Ен-Ен. Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се обвинети, но изворите велат дека тие се поврзани со зголемена трговија со дрога, во која Венецуела е дел од тоа криумчарење.

Јавниот обвинител Вилијам Бар се очекува да ги објави квалификациите и обвиненијата на прес-конференција. Портпарол на Министерството за правда одби да коментира, а Си-Ен-Ен се обрати до Стејт департментот, кој официјално ги означува финансиерите на тероризмот.

САД и многу други држави и меѓународни тела го признаа претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо за лидер на земјата, а администрацијата на Трамп започна кампања за агресивна економска казна насочена кон соборување на Мадуро од власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот