Се обидел да влезе на Табановце со туѓ пасош

ГП Табановце. / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Полициски службеници на граничниот премин Табановце вчера го привеле дваесет и петгодишниот Л.А од Албанија, за кого при пасошка контрола утврдиле дека употребил пасош на друго лице. Причината поради која го направил тоа е што во неговата патна исправа имал забрана за влез во земјите од ЕУ. Лицето е предадено на полициски службеници од полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

На граничниот премин Ќафасан пак, полициски службеници привеле дваесет и деветгодишник од Албанија кој бил на Стоп листата на Интерпол со мерка апси. Лицето е предадено на полициски службеници од полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот