Се обесила кога видела што има во телефонот на нејзиното момче бизнисмен! (ФОТО)

Фотографија: Facebook

Лидија Робертс (21) се чувствувала повредено, откако на 9 јуни 2017 година открила недозволена содржина на уредот кој припаѓал на бизнисменот и нејзино момче Адам Велс.

Парот поради таа причина почнал да се расправа и иако Велс се вратил во нивниот заеднички стан на ручек, расправијата продолжила и тој заминал на ноќна забава со своите пријатели и колеги.

Велс ја затекнал Лидија мртва кога се вратил следното утро во нивниот заеднички дом во Радклиф, Манчестер.

Facebook

Адам кој инаку бил директор на компанија, откако бил повикан пред суд бил и запишан во регистар како сексуален престапник на пет години поради недозволени фотографии.

Истрагата открила дека Лидија и претходно се обидела да се самоубие и ѝ биле препишани лекови за депресија.

Таа и Велс биле во врска 2 години, но трагедијата се случила на 10 јуни 2017 година, откако ги открила снимките во неговиот телефон кога тој заминал на работа.

Facebook

Мајката на Лидија рекла дека таа живеела со Адам Велс и дека биле во врска две години од 2015 до 2017 година.

„На 9 јуни Лидија го пронајде другиот телефон на Адам и откри дека тој содржи неприкладни фотографии од мали девојчиња. Лидија се чувствувала повредено и била згрозена од тоа што го пронашла, уште повеќе од помислата дека Адам бил со нечиј внук или внука. Чувствувам дека тој ја натерал да ја донесе одлуката што ја донесе. Како семејство сме уништени од тага поради загубата на нашата прекрасна ќерка и поради тоа никогаш нема да му простиме. Според нашето мислење, сега ни остануваат уште неодговорени прашања и се надеваме дека еден ден ќе ја дознаеме вистината“, изјавила мајката на Лидија.

Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот