Се обесија близнаци кои учествуваа во познато „ријалити“: Во шумата било пронајдено и проштално писмо (ФОТО)

facebook

Близнаците биле пронајдени мртви на 28 декември во 2019 година во близина на Севенакс, а британските медиуми пренесуваат дека тие се договориле заедно да го извршат самоубиството.

Браќата близнаци, Били и Џо Смит (32) кои учествуваа во британското ријалити „My Big Fat Gipsy Wedding“, се обесиле во шума, а покрај нивните тела било пронајдено и проштална порака.

Близнаците биле пронајдени мртви на 28 декември во 2019 година во близина на Севенакс, а британските медиуми пренесуваат дека тие се договориле заедно да го извршат самоубиството.

Истрагата покажала дека еден од близнаците боледувал од рак, а тоа тешко го погодило неговиот брат. Меѓутоа, мистерија е зошто се одлучиле на самоубиство, кога на крајот од 2019 година Џо од докторите добил добри вести – а тоа дека е излечен.

Фото: Фејсбук

Во прошталната порака Џо и Бил напишале дека „животот сакале да го завршат како и што го започнале – заедно“.

Шоуто во кое учествуваа, е всушност приказна за британските роми и нивните обичаи кога станува збор за додворување и склопување на брак.

Џо позади себе ја остави сопругата Шармејн, а Били девојката Кристина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот