Се нуди НАГРАДА за да се фати убиецот на кучињата од Аеродром, а полицијата чека обдукција

принтскрин

Четири дена откако јавноста ја потресе случајот во кој беа со секира заклани две кучиња во скопската населба Аеродром, полицијата сè уште не го пронајде убиецот, ниту пак  кажува дали знае кој ги сторил грозоморните убиства.

– До овој момент немаме разврска, се работи на расветлување на случајот. Се работи за кучиња што немаат сопственост – велат од МВР.

Полицијата исто така ја чека и обдукцијата од кучето.

Жители на Аеродром велат дека убиецот на кучињата е добро познат, поради што неверојатно е како полицијата не знае кој е тој.

На Фејбук се појави и оглас во кој се нуди награда од 500 евра за оној што ќе даде информација за тоа кој ги убил кучињата.

„Давам 500 евра за тој што ќе ја даде правата личност која ги уби кучињата во Аеродром без игри, споделувајте понатаму“, пишува Александар Тренески.

Во истиот ден две кучиња беа убиени. Нема официјални информации, дали ист сторител ги искасапил кучињата или станува збор за различен.

Како ќе постапи полицијата, ќе зависи што ќе наведат ветеринарите, на кој начин е убиено кучето. Доколу се утврди дека е мачено, полицијата е должна да поднесе кривична пријава за сторителот до обвинителството. Кривичниот законик во ваков случај предвидува казна или затворска или во пари.

„Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци“, пишува во членот 233 од Кривичниот законик.

Од „Анима Мунди“ велат дека затворските казни за сторителите на убиства и мачење на кучињата се мали.Натали Кнежовиќ вели дека казните ги сметаат како за смешни, ако се споредат со оние во развиените европски земји каде се многу повисоки.

– Ваквите деликти се закана не само по безбедноста на животните, туку на сите. За жал, насилството врз животните кај нас се маргинализира по важност. Поминува неказнето. Страшно е што во државата имаме случаи кога се казнуваат луѓе кои на диво продаваат чај, а нема да се казни некој кој продава отрови или убива животни. Бараме полиција за животни и конечно бараме да се прифати нашиот предлог закон за заштита и благосостојба на животните, здруженијата да се ополномоштат да вршат служба за превенција, евиденција и санкција на насилство врз животните, бидејќи досега, дефакто само здруженијата се тие кои овие случаи ги истражуваат. Ако не вршиме притисок, од институциите не се презема ништо – изјави за „Слободен печат“, Натали Кнежовиќ од здружението „Анима Мунди“.

Психолозите веќе дадоа оценка, убиството на кучињата во Аеродром е дело на човек со нарушено ментално здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот