Се нуди НАГРАДА за да се фати убиецот на кучињата од Аеродром, а полицијата чека обдукција

Четири дена откако јавноста ја потресе случајот во кој беа со секира заклани две кучиња во скопската населба Аеродром, полицијата сè уште не го пронајде убиецот, ниту пак  кажува дали знае кој ги сторил грозоморните убиства.

– До овој момент немаме разврска, се работи на расветлување на случајот. Се работи за кучиња што немаат сопственост – велат од МВР.

Полицијата исто така ја чека и обдукцијата од кучето.

Жители на Аеродром велат дека убиецот на кучињата е добро познат, поради што неверојатно е како полицијата не знае кој е тој.

На Фејбук се појави и оглас во кој се нуди награда од 500 евра за оној што ќе даде информација за тоа кој ги убил кучињата.

Прочитајте и...  Жител на Арачиново осомничен за неовластена продажба на марихуана

„Давам 500 евра за тој што ќе ја даде правата личност која ги уби кучињата во Аеродром без игри, споделувајте понатаму“, пишува Александар Тренески.

Во истиот ден две кучиња беа убиени. Нема официјални информации, дали ист сторител ги искасапил кучињата или станува збор за различен.

Како ќе постапи полицијата, ќе зависи што ќе наведат ветеринарите, на кој начин е убиено кучето. Доколу се утврди дека е мачено, полицијата е должна да поднесе кривична пријава за сторителот до обвинителството. Кривичниот законик во ваков случај предвидува казна или затворска или во пари.

„Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци“, пишува во членот 233 од Кривичниот законик.

Прочитајте и...  Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Од „Анима Мунди“ велат дека затворските казни за сторителите на убиства и мачење на кучињата се мали.Натали Кнежовиќ вели дека казните ги сметаат како за смешни, ако се споредат со оние во развиените европски земји каде се многу повисоки.

– Ваквите деликти се закана не само по безбедноста на животните, туку на сите. За жал, насилството врз животните кај нас се маргинализира по важност. Поминува неказнето. Страшно е што во државата имаме случаи кога се казнуваат луѓе кои на диво продаваат чај, а нема да се казни некој кој продава отрови или убива животни. Бараме полиција за животни и конечно бараме да се прифати нашиот предлог закон за заштита и благосостојба на животните, здруженијата да се ополномоштат да вршат служба за превенција, евиденција и санкција на насилство врз животните, бидејќи досега, дефакто само здруженијата се тие кои овие случаи ги истражуваат. Ако не вршиме притисок, од институциите не се презема ништо – изјави за „Слободен печат“, Натали Кнежовиќ од здружението „Анима Мунди“.

Прочитајте и...  Додик: Херметичкото затворање на границата со Хрватска за мигрантите е проблем за цела БиХ

Психолозите веќе дадоа оценка, убиството на кучињата во Аеродром е дело на човек со нарушено ментално здравје.

Прочитај повеќе

Деркоски: Ниту еден избирач нема да може да гласа без важечки личен документ на изборите на 12 април

Слободен печат

САД покрена постапка против Хафтар за воени злосторства

Слободен печат

Трамп: Ниту сакам да ми помогне, ниту ми помогнала некоја земја да победам на изборите

Слободен печат

Филипче: Патникот од Дубаи нема коронавирус

Слободен печат

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Филипче за пациентот со симптоми на коронавирус

Слободен печат

Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Епидемиолозите предупредуваат за тешкото спречување на коронавирусот

Слободен печат

Долгата суша причина за најголемото опаѓање на Преспанското Езеро

Слободен печат

Турција стави во карантин 132 патници и членови на екипажот на авион од Иран

Слободен печат

Филипче го најави карантинот, а штипската Клиничка болница сè уште нема писмено известување

Слободен печат

Албанија ќе отвори Генерален конзулат во Струга

Слободен печат

Претставници на ЕУ и СЗО во посета на Италија заради коронавирусот

Слободен печат