Се нормализира сообраќајот на главниот автопат што ги поврзува Солун и Атина

Грчката полиција соопшти дека во 20.25 часот по локално време сообраќајот се нормализирал, како за автомобилите така и за камионите и автобусите.

По повеќе од три часа, делот од автопатот Атина – Ламиа повторно е отворен за сите возила, а сообраќајот полека се нормализира, откако претходно, поради силните врнежи од снег, со одлука на полицијата, беше затворен и во двата правца, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција соопшти дека во 20.25 часот по локално време сообраќајот се нормализирал, како за автомобилите така и за камионите и автобусите.

На местото каде што сообраќајот беше во прекин, се упати и министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас Караманлис, заедно со генералниот секретар од Министерството, Јоргос Карајанис, кој за грчката новинска агенција АНА-МПА рекол дека е создадена три и пол километарска колона од возила, а се очекува околу 21.30 часот комплетно да се нормализира сообраќајот.

Сообраќајот на автопатот беше прекинат во делот пред влезот во областа Атика, поширокиот дел на Атина, на околу 40 километри од центарот на грчката престолнина. Станува збор за дел од главниот автопат во Грција што ги поврзува Солун и Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот