Се намалува довербата на албанските граѓани во ЕУ

epa01773540 An Albania kid flash a V for Victory as vawe an EU flag as going to inauguration of a highway connecting Albania and Kosovo near Rreshen Albania on 25 June 2009. Turkish-US consortium Bechtel-Enka constructed a 61-kilometer stretch of the highway, running between the Albanian cities of Durres and Kukes which will reduce travel time from Durres to the Morina checkpoint on the border with Kosovo from six hours to two. EPA/ARMANDO BABANI

Резултатите од истражувањето, спроведено од Централната банка на Австрија, со граѓаните во регионот на Југоисточна Европа, покажуваат дека довербата на Албанците во Европската унија е намалена за 13 отсто во рок од една година.

Во 2019 година, само 51 отсто од анкетираните албански граѓани имале доверба во ЕУ во споредба со 64 отсто во 2018 година. Довербата во ЕУ варира во последните години а највисок процент на доверба од 77 проценти е забележан во 2011 година, веднаш по укинувањето на визите што се случи на 15 декември 2010 година.

-И покрај овој пад, албанските граѓани остануваат со највисоко ниво на доверба во ЕУ, во споредба со другите земји од Западен Балкан. Во четирите земји што не се членки, Србија, Македонија, Босна и Албанија, каде што беше спроведено истражувањето, довербата во Европската унија значително се намалила во 2019 година. Спротивно на тоа, граѓаните во земјите-членки на ЕУ како Бугарија, Чешка, Унгарија и Полска имаат зголемена доверба во ЕУ во 2019 година, наведува весникот Монитор.

Според истиот извор во периодот 2009-2019 година албанските граѓани имаат највисоки нивоа на доверба во ЕУ, дури повоски и од новите земји-членки, но се чини дека „условите за отворање на преговорите го изгубија трпението на Албанците”.

-Пандемијата со ковид-19 дополнително ги оддалечува балканските земји и Албанците од Европската унија. Недостигот на солидарност за проширување на помошта за најсиромашниот регион во Европа и недостигот на залихи на вакцини за балканските земји може да го зголеми скептицизмот, констатра весникот Монитор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот