Се намалува бројот на новозаразени во Албанија

Во Албанија и понатаму опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус, а се зголемува бројот на излекуваните.

Во последното деноноќие новодијагностицирани се само седум случаи, со што вкупната бројка на заразени изнесува 416 лица. Во исто време излекувани се 17, со што вкупната бројка се зголеми на 182 лица.

-Во последните 24 часа извршени се 162 тестирања, при што само седум од нив се со позитивен резултат. До сега тестирани се вкупно 3.385 сомнителни случаи, а Ковид-19 е дијагностициран кај 416 од нив.

– Излекувани се вкупно 182, додека за жал битката со коронавирусот ја изгубија 23 лица, изјави Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје. Таа додаде дека тројца од новозаразените се од Тирана додека четворица од Скадар.

Според неа, во Инфективната клиника се наоѓаат 50 пациенти, од нив шестмина се на интензивна нега, додека еден пациент е интубиран. Во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се шест пациенти, од нив четворица се интубирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот