Се најде решение и за бебињата во Илинден

Градинка во Илинден

Во детската градинка Гоце Делчев, се воведоа „јасли“, односно се овозможи згрижување на деца од најмалата група на возраст од 9 до 24 месеци.

За оваа намена  како што велат од Општината, уреден е засебен дел од објектот на градинката кој располага со сопствен влез.

-Набавена е потребната опрема и инвентар за престој на децата од јаслените групите.  Најмалите дечиња ќе бидат згрижени во две групи. Во едната ќе престојуваат деца на возраст од 9 до 18 месеци, а во другата деца на возраст од 18 до 24 месеци. Воведувањето на јасли во градинката Гoце Делчев, која има капацитет за згрижување на 450 дечиња, се овозможи со изградбата на новата детска градинка во Миладиновци којa е со капацитет од 90 дечиња.велат од Општина Илинден.

На овој начин во двете градинки, се воведени јасли за згрижување на деца од најмладата група, како и се овозможени просторни капацитети за згрижување на сите деца до 6 годишна возраст согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот